Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка

2 mins read

По неделните делумни предвремени избори во шест општини во Албанија, нови градоначалници во пет од нив се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија, додека во една кандидатот на крилото на демократската партија, предводено од Сали Бериша, кој настапи под слоганот на коалицијата „Дом на слободата”.

Нови градоначалници се социјалистите Рахим Спахиу во Пешкопеја, Емириана Спахо во Драч, Ериселда Сефа во Љушња, Едисон Мемола во Рогожина и Блерим Шера во Вора и Бард Спахиа, од крилото на Бериша, во Скадар.

Нивниот градоначалнички мандат ќе трае нешто повеќе од една година, односно до редовните избори во јуни следната година.

По овие избори од 61 општина социјалистите се на чело на 59 општини, една (Скадар) е на крилото на Бериша и една (Финиќ) на партијата на грчкото малцинство, МЕГА.

По неуспехот на изборите разочарувањето во редовите на демократите е големо и се погласно се бара оставка од лидерот Љуљзим Баша.

На седница со парламентарната група на партијата, дел од членовите побарале итна оставка на Баша, по шестиот, како што го оценуваат, последователен изборен пораз, од кога тој е лидер на партијата.

Агрон Ѓекмаркај си поднесол оставка од функцијата потпретседател на партија и најавил дека во парламентот ќе делува како независен кандидат а тоа го најавиле и други доколку „не се смени актуелната состојба во партијата”.

Дел од челновите на пратеничката група побарале да се стори се за надминува на недоразбирањата во партијата и да се врати единството.

Баша од своја страна изјавил дека не чувствува морална одговорност за да поднесе оставка, туку сите порази, па и овој ги препишува на „кражба на гласови”. За попладнево тој закажа средба со претседателите на општински ограноци на партијата.

Тој на чело на партијата е од 2013 година, кога по поразот на парламентарните избори се повлече Бериша.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обвинет за обид на киднапирање авион во нападите на кулите близначки одлежа 20 години притвор и се врати во Саудиска Арабија

Следно

ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian