„Слободен печат“: Зголемените транспортни трошоци ќе предизвикаат домино ефект

2 mins read

Во утрешното печатено издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

Невидена цена на бензините – транспортните трошоци ќе предизвикаат домино-ефект. Привременото откажување на дел од акцизите е еден вид на субвенционирање, а тоа е многу поправично отколку модел во кој фирмите би ја платиле високата цена на горивата, а потоа би добивале некакви субвенции од Владата, смета Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Скопје – Високите цени на горивата влијаат и врз работата на таксистите: Ако се расчисти нелојалната конкуренција, нема да поскапи такси превозот. Последниве поскапувања веќе ги ставија таксистите во состојба да изнајдат начин како да опстојат, затоа што не се зголемени само цените на горивата, уште повисоки се цените на резервните делови и останатиот потрошен материјал.

Украина – Обиди за завршување на крвавата војна: Зеленски спремен да преговара за Крим и Донбас, веќе се откажал од НАТО. Украинскиот претседател нагласи дека Украина „не помислува на капитулација и нема да прифаќа ултиматуми“, а од рускиот претседател Владимир Путин очекува да почне дијалог наместо војна.

По нарушувањето на односите со Москва, нашинци од Русија досега не побарале помош. Никој не побарал помош од МНР за дипломатска интервенција со цел враќање во татковината откако повеќе членки на ЕУ ги прекинаа летовите кон Русија и обратно.

Ромките ниту за Осми март не добија гинеколог. Има Ромки што никогаш не биле на гинеколошки преглед, а превентивата е најважна работа. Некои одат кај гинеколози во друга општина, но некаде ги примаат, некаде не, вели специјализант Ламбе Крстевски, кој аплицирал на ваков конкурс.

Спорт – Во трката во ракометната Лига на шампиони меѓу Загреб и Елверум улога има и Вардар. Вардарци играат со норвешкиот тим во Скопје меч кој за домашните е без резултатски императив, но на гостите им треба поволен исход за да се пласираат во осминафиналето. Загреб, кој се „трка“ со Елверум за место во осминафиналето, игра за победа кај Алборг и се надева на добри вести од Скопје.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФФМ на 8. март ја претстави стратегијата за женскиот фудбал „Повеќе жени – повеќе голови“

Следно

Приведени две лица за грабежот во банката попладнево

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian