„Шел“ привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија

1 min read

Британско-холандскиот нафтен гигант „Шел“ објави дека поради тензичната состојба на пазарот, привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија.

Шел го објасни потегот како „големи нарушувања и недостиг на енергетските пазари“ предизвикани од војната во Украина, последователните санкции против Русија и растот на економската активност по затишјето на пандемијата.
За да продолжиме да ги исполнуваме нашите договорни обврски, ја ограничивме продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на физичките пазари без претходен договор, соопшти британската компанија.

Правиме се што можеме за да ги „стабилизираме синџирите на снабдување“, но тешко е да се предвиди како ќе се развива ситуацијата, додаваат тие. Портпаролот на компанијата одби да ја коментира одлуката.

kurir.mk

Претходно

Видео: Менка Стојаноска и Билјана Денчовска се супер жените на Скопје!

Следно

ФОТО | Плејбој зајачица помага во народна кујна во Киев: Украина е пример за единство!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian