Секељи: Фантазија и уживање е да се игра пред „Чкембари“ 

1 min read

Голманот Мартон Секељи беше херојот на Еурофарм Пелистер во убедливата победа над АЕК Атина од 30:19, со одбранети 15 шута на противничките играчи.

Битолчани на почетокот се мачеа со противничките ракометарите и тоа со моментите кога влезе во елемент токму Секељи. Кога се разбрани Секељи им беше полесно на битолчани да го контролираат наптреварот и на крајот дојдоа до убедлив триумф од 11 гола разлика.

Унгарскиот репрезентативец кој по завршување на сезоната ќе се врати во Татабања, вели дека чувството е прекрасно да се игра пред „чкембарите“.

– На почетокот сакам да им се заблагодарам на гостите од Атина за убавите зборови на моја сметка и на екипата. Првото полувреме беше релативно тешко и нервозно, меѓутоа ние знаевме дека чека ваков натпревар. Подготвени бевме за нивната 5-1 одбрана и во вториот дел го покажавме вистинското светло. Честитки за „Чкембарите“ и за атмосферата која ја направија, беше фантазија и уживање да се игра во ваква убава атмосфера – рече Секељи по натпреварот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мали креативци: Децата на познатите мајки им го честитаа 8 Март

Следно

По нарушувањето на односите со Москва, нашинци од Русија досега не побарале помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian