Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 информираат дека досега две лица се приведени во врска со грабежот на банката во Центар половина час по полноќ.
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека три лица со оружје влегле во банката, при што еден од нив пукал.
„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.