Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените.
– Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од полицијата.