Општина Карпош се вклучи во донација за основци од социјален ризик

1 min read

Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска ја врачија донацијата од фирмата „Индивиа“, која е наменета за учениците од Карпош кои доаѓаат од социјално загрозени семејства како и за децата на самохрани родители.

Поточно, станува збор за медицински суплементи за секојдневна употреба, кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата.

Донацијата од 100 сирупи и 100 орални спрејови (во вредност од 131.000 денари), вклучува орални спрејови за поддршка на имунитетот во зимски услови, потоа, сирупи за превенција од настинка, вируси и грип, како и сирупи за ублажување на првите симптоми при синусни воспаленија.

По тој повод, стручни лица од осум основни училишта на територија на општина Карпош ги презедоа пакетите со медицински суплементи, кои потоа ќе ги предадат на родителите на учениците.

skopjeinfo.mk

Претходно

Маричиќ: Забрзаното спроведување на реформите очекуваме да донесе напредок во евроинтеграцискиот процес

Следно

ИСВ: Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во следните 24-96 часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian