Обвинет за обид на киднапирање авион во нападите на кулите близначки одлежа 20 години притвор и се врати во Саудиска Арабија

1 min read

Мажот обвинет дека бил потенцијален 20-ти киднапер во нападите на 11 септември 2001 година, е вратен во Саудиска Арабија по две децении притвор во Гвантанамо, соопшти вчера американското Министерство за одбрана.

Според Министерството, Мохамед Мани Ахмад ал-Кахтани (46) е префрлен во неговата родна Саудиска Арабија откако ревизорскиот комитет во јуни минатата година утврди дека тој повеќе не претставува значителна закана за националната безбедност на САД.

– Вашингтон ја цени подготвеноста на Саудиска Арабија и другите партнери да ги поддржат тековните напори на САД кон намерен и темелен процес насочен кон одговорно намалување на бројот на затворениците и конечно затворање на објектот во заливот Гвантанамо, се наведува во соопштението.

Според профилот на затворениците во Гвантанамо, кој го води Министерството за одбрана, Ал Кахтани бил обучуван од Ал Каеда и неуспешно се обидел да влезе во САД на 4 август 2001 година, за да учествува во нападите на 11 септември.

Во Гвантанамо засега остануваат вкупно 38 затвореници, од кои 19 ги исполнуваат условите за префрлање, седум имаат право на периодична проверка, 10 се вклучени во постапки на воени комисии, а двајца затвореници се осудени.

kurir.mk

Претходно

Во општина Кисела Вода потпишана Декларација за унапредување на женското претприемништво

Следно

Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian