На 07.03.2022 во 19,45 часот во Полициска станица Бит Пазар Р.П.(51) од Скопје пријавил дека додека бил на своето работно место во спортска обложувалница на подрачје на Бит Пазар две лица со закана се обиделе да му одземат пари но не успеале, при што оштетиле инвентар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.