Нуклеарна војна: Кое е совршеното засолниште на планетата?

1 min read

Состојбата во Украина е загрижувачка, а последниците од војната ќе ги почувствува целиот свет. Владимир Путин минатата недела ги стави нуклеарните сили на готовност, поради „агресивните изјави“ на НАТО и санкциите наметнати кон Русија од голем број европски земји.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така испрати предупредување дека Третата светска војна ќе биде „нуклеарна и деструктивна“.

И покрај тоа што Путин ги стави нуклеарните сили во висока готовност не значи дека тој ќе ги искористи, сепак, многумина почнаа да размислуваат каде би можеле да избегаат доколку бидеме сведоци на најлошото сценарио.

На социјалните мрежи се појави мапа на која се покажува дека јужната хемисфера би била најбезбедното место на земјата.

Според Федерацијата на американски научници, Русија и САД поседуваат повеќе од 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Се разбира, точноста на оваа карта зависи од тоа дали бомбите ќе бидат фрлени во земја која веќе има нуклеарно оружје.

Постојат голем број други фактори кои треба да се земат предвид, пишува „Indy100“. Глобалните температури ќе се намалат, помалку култури би растеле, сушите би биле почести, а ракот на кожата и изгорениците би биле почести поради оштетување на озонската обвивка. Затоа, идеално место би билe Африка или Јужна Америка, со изобилни ресурси на храна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Србија од четврток нема да извезува пченица, брашно, пченка и масло

Следно

Ќе се „сечат вени“ и за двајца нови членови на Комисијата!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian