Лига на Европа: Еурофарм Пелистер против АЕК го заверува второто место во групата

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“ против АЕК Атина ја решаваат судбината во Лигата на Европа во последното коло од групната фаза.

Битолчани се второпласирани во групата Д со 10 бода, но победата е императив за ракометарите на Жељко Бабиќ за да го обезбедат второто место на табелата бидејќи евентуален пораз може и да ги исфрли од Лигата на Европа.

Е. Пелистер има бод повеќе од Спортинг кој игра против лидерот Ним и Кадетен кој ќе се сретне со последнопласираната Татабања. АЕК Атина пак е на петтото место со осум бода и си има свои математики.
Битолчани се свесни дека сами си ја кројат судбината во Лигата на Европа, и голманот Марко Кизиќ смета дека мора да одат на победа.

– Ова е многу важен натпревар за нас, бидејќи сè ќе се решава во последната рунда од групната фаза. Го анализиравме ривалот, веќе ни е попознат бидејќи одигравме еден натпревар против нив. Се припремавме добро досега и мора да одиме на победа. АЕК е тактичко добро подготвена екипа, многу се борбени и не се предаваат во ниту еден момент. Имаат голема сплотеност и покажуваат голема борба со многуте искусни играчи. Ќе одиме да се надигруваме, па подобриот нека победи – вели Кизиќ.

Тренерот Жељко Бабиќ нема да може да смета на двајца клучни ракометари, Мартин Велковски за кого заврши сезоната поради повредата на лигаментите на коленото и на Јосип Периќ кој исто така е повреден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фала за букетот, не мора: Револуцијата која го создаде 8-ми март

Следно

Османи: Руси, Буџаку и Фрчкоски амбасадори во Бугарија, Канада и во ОН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian