Лапорта не се откажува од Суперлигата: Се бориме против УЕФА и државни клубови

1 min read

Откако минатата недела претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, изјави дека проектот европска Суперлига не е мртов и ќе стори сè за таа да заживее, поддршка дојде од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Лапорта потврди дека Барселона е заинтересирана да заживее Суперлигата иако Европската фудбалска федерација (УЕФА) е голем противник за оваа идеја.

Првиот човек на Барселона вели Суперлигата е неопходна за да можат да се борат на трансфер пазарот со клубовите што е финансирани од држави, како што се ПСЖ, Манчестер сити.

– Ги презедовме сите правни мерки за да имаме слободно натпреварување во рамки на Европската Унија. Суперлигата е легален проект и тоа ќе се докаже. Барселона и клубовите кои се дел од Суперлигата се борат против клубови-држави, односно клубови што се финансирани од држави. Ние не можеме да го држиме чекорот со таквите клубови, а УЕФА е флексибилна кон нив. Постои финансиски фер-плеј, но тој не важи за сите подеднакво, на некои клубови им се прогледува низ прсти. Ние се бориме и против тоа – изјави Жоан Лапорта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ | Савка Тодоровска, борец за женски права: Еднаквоста не е само женско прашање

Следно

Маричиќ: Забрзаното спроведување на реформите очекуваме да донесе напредок во евроинтеграцискиот процес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian