Комплименти за ѕвездата на Денвер: Јокиќ е неверојатен играч, тој е чудовиште

1 min read

Ѕвездата на Филаделфија сиксес, Џоел Ембид кој е еден од главните конкуренти за МВП признанието, го испофали актуелниот освојувач на оваа награда, Никола Јокиќ, за кого смета дека и чудовиште од играч.

Јокиќ сезонава просечно постигнува по 25.9 поени, 13.8 скокови и 8.1 асистенција по натпревар, додека Ембид има 29.7 поени, 11.2 скокови и 4.3 асистенции по натпревар.

Јокиќ во победата над Голден Стејт од 131:124 имаше учинок од 32 поени, 15 скокови и 13 асистенции и таквата игра го воодушеви и центарот на Филаделфија кој упати комплименти на сметка на српскиот кошаркар.

– Јокиќ е неверојатен играч, тој е чудовиште. Видов што направи претходната вечер, го гледам секој натпревар. Тој е чудовиште поради тоа што може да го направи на теренот, тоа е лудо. Тоа го кажувам од еден центар на друг центар, среќен сум кога гледам како доминира во лигата. Всушност ќе приметите дека најдобрите играчи во НБА се високи играчи, дали е тоа Јанис, Јокиќ, Дурент… Странците го преземаат главниот збор, тука е и Лука – рече Ембид.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жена борец: Украинката која собори руски дрон со тегла зимница останува да се бори во Киев

Следно

Цената на нафтата повторно расте

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian