Каква боја бирате, таков карактер сте: Црвено бираат интензивни луѓе, бело мирни

3 mins read

Дали знаете дека бојата што најчесто ја бирате како дел од вашиот живот, на гардеробата, во секојдневието, дури и мебелот или автомобилот, зборува многу за вас?

Црвена

Оваа боја се поврзува со агресија и доминација. Истражувачите велат дека спортисти кои носат црвено, имааат барем 7% поголеми шанси за победа. Црвеното поттикнува работа на срцето и производство на тестостерон, со што овозможува добра функционалност. Студиите кажуваат дека келнерки облечени во црвено, добиваат поголем бакшиш од мажите, затоа што црвената го привлекува машкиот пол. Се поврзува со љубовта и страста, а интензивните карактери ја бираат оваа боја.

Виолетова

Оваа боја е врзува со благородноста и кралските свечености. Таа има впечатливо магиско – фантастично дејство, и поттикнува креативност, имагинација, но и смирува. Луѓето кои ја сакаат оваа боја обично се многу осетливи и емоционално длабоки.

Портокалова

Оваа боја е боја на енергијата, сигналот, алармот. Дали знаевте дека се користи во медицинските пакувања на лекарствата, за да предизвика стимуланс? Портокаловата е моќна боја која се поврзува со богат социјален живот, а поттикнува возбуда и адреналин.

Бела

Луѓето кои сакаат бела боја, се смирени карактери кои тежнеат кон задоволства и спокој. Организирани, логични, внимаваат на детали во работата и животот. Независноста и креативноста се поврзани со белата боја, притоа значат чистота, отстуство на немир и едноставност.

Црна

Оваа боја ја сакаат луѓе што имаат јасно одредени граници и авторитет. Таа е силна боја, делува елегантно, прикрива, но и потенцира таинственост. Симболизира практичност и реализам. Доколку сакате црна боја, веројатно тежнеете кон контрола и независност.

Сина

Луѓе кои сакаат сина боја, се идеалисти, лојални, самостојни и сакаат креативна работа. Обично внимаваат на детали, перфекционисти се, и имаат добри манири. Доколку сакате да носите сина боја, веројатно сте добри во работа која има високо ниво на стрес. Сината боја е најкористена боја во дигиталните медиуми, затоа што одмара и го создава лажното чувство дека „времето не поминува“. Сетете се на Фејсбук.

Жолта

Љубителите на жолтата боја се авантуристи и егоцентрици. Оваа боја е поврзана со слобода, хумор, спонтаност, но и оптимизам и страст. Ако сакате жолто, веројатно сте креативни, импулсивни и малку немарни.

Зелена

Иако многу луѓе оваа боја ја повзруваат со пари, истражувањата покажуваат дека љубителите на зелената боја, се луѓе кои сакаат природа и желба за сигурност. Се поврзува со успех и среќа, а зелената како боја во спектарот на окото, го одмора видот, и е симбол за смиреност, стабилност. Тоа е свежа боја која означува раст, учење и здравје.

Розова

Оваа боја смирува агресија, а тие што ја носат, делуваат нежно. Со розово се поврзани љубовта, нежноста, великодушност и добрина. Кај другите поттикнува желба да го заштитат оној кој ја носи таа боја на себе.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Влада: МВР да предложи чаре – како Украинците со автомобили да влезат во земјава без зелен картон

Следно

ВИДЕО: Страшниот Баерн броеше до седум, Ливерпул го „преживеа“ Интер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian