Хоџа го обвини Османи дека троши руска нафта, МНР демантира: Договорот со Лукоил ни истече лани

2 mins read

Поранешниот министер Аријанит Хоџа го обвини министерот за надворешни раоти Бујар Османи за лицемерство, бидејќи шефот на дипломатијата јавно ги повика граѓаните да не купуваат од компаниите со руски капитал, додека во исто време, според Хоџа, МНР има договор за набавка со Лукоил.

Османи вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 порача дека купувањето на руската нафта и гас ја финансира руската војска.

„На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност“, посочи Османи.

На ова реагираше Хоџа, кој објави документ од кој се гледа дека Министерството за надворешни работи го снабдува руската компанија.

„И како да им се верува на овие кога јавно зборуваат поинаку, а на дело поинаку!? Таков е случајот со Бујар Османи кој рече дека секое купување на бензински пумпи во сопственост на Русија е директно финансирано од Русија во нејзините воени операции во Украина. Сите се согласуваме со тоа. Но, која е вистината? Министерството на чело со Бујар Османи има договор за снабдување со гориво со руската компанија „Лук Оил“, па го прашувам што вели дека купувањето гориво од руска компанија помага во војната на Русија против Украина, што следствено од договорот што го има потпишал дека МНР и помага на Русија!?“, напиша Хоџа.

Од МНР попладнево објаснија дека министерството во моментов нема склучено договор со Лукоил, откако претходниот истекол лани летото.

„Министерството за надворешни работи нема актуелен договор за набавка на нафтени деривати со Лукоил, туку со друга домашна компанија за трговија со нафтени деривати, соопштија од МНР за порталот Локално, демантирајќи го Хоџа.

Според министерството, фотографиите кои се појавуваат во јавноста се однесуваат на стар договор, кој е истечен уште во летото минатата година.

-Односот кон руските компании во земјава преставува дел од пошироките активности кои државата ги презема поради непредизвиканата воената агресија на Русија врз Украина, и таквиот однос ќе трае сѐ додека трае самата агресија, додаваат од МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Халанд го избра идниот клуб и тоа нема да биде Реал Мадрид

Следно

Обид за грабеж на обложувалница во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian