Халанд го избра идниот клуб и тоа нема да биде Реал Мадрид

1 min read

Ерлинг Халанд наводно ја реши најголемата мистерија во претстојниот летен преоден рок и ја избрал Барселона како иден клуб, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Весникот се повикува на извори од управата на Барселона и тврди дека напаѓачот на Борусија Дортмунд по разговорот со агентот Мино Рајола и семејството одлучил на лето да потпише за каталонскиот клуб.

Ангажманот на Халанд, би требало Барселона да ја чини околу 250 милиони евра. Откупната клаузула на лето ќе изнесува 75 милиони евра, додека провизијата за Рајола и за таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд треба да изнесува 40 милиони евра, односно по 20 милиони за секого. Халанд би потпишал петгодишен договор според кој би добивал околу 25 милиони евра годишно.

Весникот „Спорт“ пишува дека Реал Мадрид се откажал од трката бидејќи ќе го ангажира Килијан Мбапе, додека ПСЖ не е примамлива дестинација на Халанд, а единствен клуб кој може да понуди повеќе е Манчестер сити. Но, наводно желбата на фудбалерот е пресудна и таа е во иднина да игра на „Камп Ноу“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Подарок за сите жени за 8 Март: Здравко Чолиќ по пет години издаде нова песна

Следно

Хоџа го обвини Османи дека троши руска нафта, МНР демантира: Договорот со Лукоил ни истече лани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian