Откако започна руската инвазија на Украина, многумина мораа да ги напуштат своите домови, да го напуштат градот во кој пораснале, каде секоја улица крие по некој спомен. Но, тоа не е случајот со Плејбој зајачицата, Даша Астафиева.
36-годишната убавица решила да остане во Киев за да им помогне на своите сограѓани. Нејзините следбеници на социјалните мрежи до неодамна ѝ се восхитуваа на нејзината беспрекорна убавина, а сега ѝ се восхитуваат на нејзината неверојатна храброст.

На својот инстаграм-профил, Даша ги бодри бранителите на нејзината татковина кои веќе неколку дена се на бојното поле обидувајќи се да се справат со руската агресија.
„Воини, бранители, сите ќе успееме. Ви благодарам за волјата, големата храброст и сила“ напиша еднаш таа на својот инстаграм-профил.
Астафиева навечер со својот брат и кучињата се крие во подрумот на својата куќа во Киев, а преку ден помага во народната кујна каде лупи компири и кромид за украинските војници.

Кога ќе се стемни, се враќа во своето засолниште. Даша од таму испраќа пораки на „Инстаграм“.
„Благодарна сум им на сите кои не не издадоа и на оние кои си ја сакаат државата. Украина – пример за голем дух, бестрашност и единство!“, напиша таа.