ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!

1 min read

Пејачот Аца Лукас не се откажува од наративот дека победата на Констракта за српски претставник во Торино, 2022 година е местенка.

На финалето пејачот рече дека ќе презентира докази, а сега на „Инстаграм“ објави фотографија од победничката Констракта со членот на стручното жири Уна Сениќ. Според тврдењата на Аца, тие се најдобри другарки и затоа Уна ѝ дала 12 поени.

ВИДЕО | Србија ја избра Констракта за претставничка на Евровизија: Со миење раце на сцена, ја однесе победата

 

– Како што реков, сè е откриено! Најдобри другари. Едната членка на жирито е Уна Сениќ, а другат е „чиста уметница“. На сликата уште им недостасува валканата уредничка“, напиша Лукас на сликата, алудирајќи на Оливера Ковачевиќ.

аца лукас
Аца Лукас, Фото: Инстаграм

Поради ова, пејачот во интервју за српските медиуми најави дека ќе поднесе кривични пријави против генералниот директорот на јавниот сервис Драган Бујошевиќ и уредничката на РТС, Оливера Ковачевиќ.

Тој инсистира дека се украдени смс гласови кои требало да се наменат во хуманитарни цели. Инаку, Констракта победи во гласањето на членките на ОГАЕ Србија со 256 поени.

„Како граѓанин на Србија, нема да се смирам додека не ги видам како излегуваат од зградата на мојата национална телевизија, бидејќи таа е и моја колку што е нивна“, изјави Аца за „Информер“.

 

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка

Следно

Џафери со честитка за 8 Март: Родовата еднаквост значи и одржлива иднина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian