ФФМ на 8. март ја претстави стратегијата за женскиот фудбал „Повеќе жени – повеќе голови“

3 mins read

Фудбалската федерација на Македонија на меѓународниот ден на жената, 8. март, ја претстави првата македонска женска стратегија „Повеќе жени – повеќе голови“ 2021-2025. На официјалната промоција на стратегијата на ФФМ наши спрецијални гости беа aмбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Кејт Брнс. Преку создавањето на првата стратегија за женски фудбал, целта на ФФМ е да го женскиот фудбал спортски избор број еден во Македонија за жените и девојките.

фото: ФФМ

Преку работа на структурите во Федерацијата за женски фудбал целта е  да се изгради развојна натпреварувачка и репрезентативна структура за да биде конкурентна на европската фудбалска сцена.

– Водејќи се од максимата „Еднакви можности за сите“  ја создадовме првата македонска стратегија за женски фудбал: Повеќе жени – повеќе голови! Преку инспиративна промоција се обидуваме да ја направиме играта привлечна и достапна со намера да ги надминеме сите културни или практични бариери кои може да постојат. Сакаме секоја девојка која сонува да игра за нашата репрезентација да се чувствува уверена дека нејзиниот талент ќе биде забележан и дека ќе бидат достапни потребните тренерски можности за поддршка на нејзиниот развој. Женскиот фудбал е многу повеќе од елитна изведба. Со зголемување на нивоата на партиципација, можеме да придонесеме и за многу општествени прашања. Подобрување на на физичка подготвеност, зголемување на самодоверба, создавање нови можности за вработување или надминување на заблудата поврзана со учеството на жените во спортот. Заедно со моите колеги сме посветени да ја одиграме нашата целосна улога во развојот на женската игра и да дадеме придонес да бидеме многу повеќе од гледачи на женскиот фудбал. Затоа што колку повеќе ги славиме жените во спортот и во фудбалот, толку повеќе ќе имаме што да прославуваме – рече потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев. , генералниот секретар, Филип Поповски, а своја поддршка преку видео обраќање даде нашиот Влатко Андоновски, селектор на женската репрезентација на САД.

фото: ФФМ

Стратегијата на ФФМ доби поддршка и од селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД која е актуелен светски шампион, Влатко Андоновски.

– Моја поддршка за овој фантастичен проект со кој ќе го забрза растот на женскиот фудбал. За остварување ќе треба посветеност од сите, сите ќе имаат своја улога. Со план како овој мислам дека ни претстои светла иднина, ништо не може да се смени преку ноќ, ама можеме многу да направиме. Кога жените се успешни, сите ние сме успешни – изјави Андоновски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриена причината: Легендарниот спортист починал по есктремна диета, исклучително опасна за срцето

Следно

„Слободен печат“: Зголемените транспортни трошоци ќе предизвикаат домино ефект

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian