Црна Гора за месец и половина доделила 43 почесни државјанства, најмногу на Руси

1 min read

Црногорската Влада од 1 јануари до 15 февруари додели уште 43 таканаречени почесни државјанстви, соопшти денеска Црногорскиот центар за граѓанско образование (ЦГО).

Како што информира ЦГО, и во овој турнус на доделување најголем број од државјанствата, односно речиси две третини, ги добиле лица со руско потекло, пренесе подгоричкиот весник „Вијести”.

„Освен во случајот со три државјанства, за кои како причина за прием е наведен некој друг интерес, сите државјанства се даваат врз основа на економски или стопански интерес на државата, со повикување на Програмата за економско државјанство на Владата на Црна Гора”, се наведува во соопштението на ЦГО.

Весникот, исто така, дознава дека за 14, 5 месеци црногорската Влада доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половината од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: ЕК подготвува нови санкции

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ сака да се осамостои целосно од рускиот гас

Следно

Откриена причината: Легендарниот спортист починал по есктремна диета, исклучително опасна за срцето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian