Чистење на шахти на повеќе локации низ Скопје

1 min read

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од Секторот Канализација, во текот на викендот  и вчера поради интензивните врнежи од снег излегоа на терен  и ги расчистуваа  сливниците и шахтите, за да може да функционира  атмосферската канализација на територија на град Скопје.

Изминатата недела екипите од  јавното претпријатие покрај  редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Преку секторот Водовод  интервенирале на отстранување на дефекти на следните локации: Батинци 3/52, Долно Свиларе  улица  1 бр.9, улица Џон Кенеди 5, улица Антон Димитров 104, улица Серска, улица Љубо Петровиќ 14, улица  Коце Металец кај Ремедика, улица  Јани Лукровски, с.Долно Свиларе, улица Тодор Чангов 31/11 и на Плоштад Македонија. На улицата  Војдан Чернодрински бб. направиле нов водоводен приклучок .

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците посветено работи на одржување на водоводната и на канализационата мрежа во град Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Мицкоски на ФБ: Не е време за изговори, Владата да се откаже од половината од акцизата за горива

Следно

Иран го лансираше својот втор сателит во вселената

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian