Би-Би-Си сепак одлучи да продолжи да известува од Русија

1 min read

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија.

Би-Би-Си во петокот соопшти дека го прекинала известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој еден за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести, пренесуваат британските медиуми.

– Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето вечерва одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија, се наведува во соопштението на Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.

– Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден, се додава во соопштението. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Приведени двe лица за денешното разбојништво во банка

Следно

ВИДЕО | Извонредни жени: Предлог филмови кои се „лесни за џвакање“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian