Влада најави нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните

2 mins read

Владата на Република Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.

Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на  состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија.

Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за  историскиот раст на пензиите.

Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Елена Арсова, трихолог: Три најчести форми на опаѓање на косата

Следно

Арсовска: Универзална сала ќе има и скопјани ќе се гордеат со неа, но пред се мора да знаеме дека објектот е безбеден за сите нас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian