ВИДЕО | Шепасти пријателчиња: Американец го клонирал своето куче, две од клоновите ги крстил Фајзер и Модерна

1 min read

Кога фризерот Роберто Ново го видел за првпат својот француски булдог пред 15 години, тоа било љубов на прво гушкање, пишува „New York Post“.

Роберто му го дал името Мачито и тие двајца станале неразделни, толку многу што кога Мачито наполнил 12 години, неговиот сопственик почнал да размислува за клонирање на кучето.

Фризерот се обратил до компанија за клонирање кучиња и дал примерокот на ДНК на Мачито. Две години подоцна кучето умрело и Ново решил да продолжи со клонирањето.

Постапката чинела 50 000 долари, но Роберто ја немал таа сума, па решил да продаде слика од уметникот Енди Ворхол, којашто висела на неговиот ѕид.

„Ја немав таа сума на мојата банкарска сметка“, изјавил Роберто, но сѐ уште ја имал желбата за да си го врати своето драго шепасто пријателче, потенцирајќи дека „тие четиринаесет години со него не биле доволни“.

По некое време му се јавиле и му рекле дека процедурата е успешна. Тој сега има не едно здраво кученце француски булдог, туку четири – клонираните Мачиту, Тулула и нивните деца, кои ги нарекол Фајзер и Модерна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон: Не очекувам во наредните недели да се испреговара прекин на војната

Следно

ВИДЕО: Тотенхем пукна „петарда“ во мрежата на Евертон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian