ВИДЕО: Јокиќ со историски „трипл-дабл“ против Њу Орлеанс

1 min read

Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија во НБА лигата, неговиот клуб Денвер забележа победа над Њу Орлеанс со 138:130.

Српскиот центар мечот го заврши 46 поени, 12 скокови и 11 асистенции, негов 17 „трипл-дабл“ учинок сезонава.

Тој е првиот кошаркар од кога во статистиката се водат блокадите и украдените топки со кои го забележа неговиот ефект. Покрај постигнатите повеќе од 40 поени, запиша и четири блокади и три украдени топки.

Покрај Јокиќ, во редовите на Нагетси одличен беше и Ерон Гордон со 28 поени и осум скокови а за Пеликанси доминираше Брендон Инграм со 38 поени.

Денвер го задржа шестото место во Западната конференција, додека Њу Орлеанс е на 10 место кое исто така води во плеј-офот.

НБА лига, резултати –

Бостон – Бруклин 126:120
Милвоки – Феникс 132:122
Вашингтон – Индијана 133:123
Хјустон – Мемфис 123:112
Оклахома – Јута 103:116
Кливленд – Торонто 104:96
Денвер – Њу Орлеанс 138:130
ЛА Клиперс – Њујорк 93:116

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Среде војна, љубов: Војници се венчаа на бојно поле во Украина, прв им честиташе Кличко

Следно

Мицевски го бојкотира Џафери, виси Комисијата за избори и именувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian