ВИДЕО: Мбапе се повреди на два дена пред реваншот со Реал

1 min read

Најдобриот стрелец на ПСЖ оваа сезона, Килијан Мбапе заработи повреда на денешниот тренинг и е под знак прашалник за реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Се гледа на снимката како Идриса Геј невнимателно реагираше, згазна на левата нога на Мбапе по што овој не можеше да продолжи.

Лекарскиот тим веднаш реагирал, францускиот репрезентативец беше префрлен на прегледи, а првата реакација е охрабрувачка, нема скршеници или сериозни последици, но тоа не гарантира дека би можел да стартува од првата минута на возвратната пресметка со „кралевите“.

Потсетување дека во првите 90 минути париските „светци“ победија со 1:0 со голот на Мбапе во самиот финиш од средбата.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра в среда (9 март) со почеток од 21.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Баленсијага“ со мoќен спектакл посветен на Украина: Моделите се „бореа“ со снег и ветер на пистата!

Следно

Османи: НАТО во моментов нема информации за можен воен конфликт на Балканот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian