ВИДЕО | Ќе ве трогне: Малечко девојче ја пее „Let It Go“ во воено засолниште

1 min read

Руската инвазија во Украина го прекина безгрижното детство на голем број украински деца. Но, се чини дека тие со својата невиност наоѓаат начин како да си играат дури и во овие тешки и немирни времиња.

Малечкото девојче Амелија, кое заедно со нејзиното семејство било засолнето во воено засолниште во Киев, стана популарно ширум светот откако беше објавена нејзината слатка изведба на познатата детска песна „Let It Go“ од цртаниот филм „Frozen“.

Со дозвола од мајката на Амелија, видеото го објавила Украинката Марта Смехова која, исто така, се нашла во истото засолниште.

Видеото го пренесоа бројни светски медиуми, а го сподели и пејачката на песната „Let It Go“, Адина Мензел.

„Те гледаме. Ние навистина, навистина те гледаме“, напишала Мензел.

ВИДЕО | Млада Украинка преку „ТикТок“ му помага на светот да ја види реалната слика: Ова е сечиј проблем!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски утре ќе им се обрати на британските пратеници

Следно

Макрон: Не очекувам во наредните недели да се испреговара прекин на војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian