ВИДЕО: Барди и Леванте ги губат надежите за опстанок во „Ла Лига“

1 min read

Фудбалерите на Атлетик Билбао го совладаа тимот на Леванте во последниот натпревар од 27 коло на шпанската „Ла Лига“ со убедливи 3:1.

Иако тимот од Баскија беше многу подобар противник во првото полувреме, имаше четири убави шанси, но и натаму мрежите мируваа. Непосредно пред паузата во игра влезе македонскиот репрезентативец Енис Барди како замена за Моралес.

Сите погодоци следуваа во вториот дел, најпрвин домаќинот поведе преку Весга во 63 минута по асистенцијата на Беренгер. Вилијамс ја удвои предноста 13 минути подоцна, повторно асистент беше Беренгер.

Хорхе де Фрутос го фаулираше Беренгер во 87 минута, а судијата Абел Руиз покажа на белата точка. Сигурен изведувач беше Зарага. Гостите успеаја само да го ублажат поразот во самиот финиш (90+1`) кога во листата на стрелците се запиша де Фрутос.

По оваа победа Билбао се наоѓа на осмата позиција на табелата со 40 бодови, додека Леванте е последен со само 18 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Шепасти пријателчиња: Американец продал слика од Енди Ворхол за да го клонира своето куче

Следно

Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирнски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian