Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

5 mins read

Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин е мистерија која јавноста копнее да ја разоткрие. За него не се знае многу, но низ годините беше поврзуван со Алина Кабаева, руска гимнастичарка. Според медиумите таа е љубовница и долгогодишна партнерка на Путин, која не е видена во јавноста од 2018 година, кога се зборуваше дека е бремена. Извори за „Page Six“ велат дека Алина Кабаева, наводно се крие во Швајцарија со нивните четири мали деца.

„Додека Путин го извршува својот напад врз Украина, напаѓајќи невини граѓани и предизвикувајќи бегалска криза, неговото семејство е заробено во многу приватна и многу безбедна вила некаде во Швајцарија – барем засега“, вели инсајдерот.

Владимир Путин, Фото: EPA-EFE

Кабаева(38), гимнастичарка која има освоено злато на Олимпијада, наводно има четири деца со рускиот лидер(69), но тие двајца никогаш официјално го немаат потврдено тоа.

Алина Кабаева – тајната прва дама на Русија: Љубовницата на Путин првпат се појави во јавноста по две и пол години

Изворите велат дека имаат 7-годишни ќерки близначки, кои се родени во близина на Лугано, Швајцарија, во февруари 2015 година. Се верува дека тие имаат и два други сина.

„Алина има две млади момчиња и девојчиња близначки со Путин кои се родени во Швајцарија“, изјави изворот за „Page Six“ за наводните деца на Путин со Кабаева. „Сите деца имаат швајцарски пасоши, а претпоставувам дека и таа има“.

Алина Кабаева, Фото: Profimedia

Путин бил гласен и јасен во презривоста на прашањата за неговиот личен живот.

„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Мора да се почитува“, рече тој еднаш. „Отсекогаш сум реагирал негативно на оние кои со своите љубопитни носови и еротски фантазии се фрлаат во туѓите животи“.

„Никој не смее да праша за љубовниот живот на Путин“: Јавноста знае само за овие две жени

Путин – кој има уште две возрасни ќерки, Марија(36) и Катерина(35) од првиот брак со поранешната стјуардеса Људмила Шкребнева вложува голем труд да ги заштити своите деца од медиумите и од центарот на вниманието. Путин и Шкребнева беа во брак три децении до нивниот развод во 2013 година. Нивната ќерка Марија е родена во Ленинград во 1985 година, додека Катерина е родена во Германија во 1986 година кога семејството живеело таму кога Путин бил дел од КГБ.

владимир путин
Мистеријата околу ќерките на Владимир Путин / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Каде е поранешната сопруга на Владимир Путин: Људмила денес живее многу поразличен живот

Владимир Путин има две, а можеби три ќерки: Зошто речиси никогаш не зборува за нив?

Речиси никогаш јавно не зборува за нив, предизвикувајќи збунетост околу тоа колку деца всушност има.

Алина Кабаева е една од најодликуваните гимнастичари во историјата на ритмичката гимнастика, со два олимписки медали, 14 медали од Светското првенство и 21 медал од Европското првенство.

Во 2008 година, рускиот весник „Moskovsky Korrespondent“ објави напис во кој пишувало дека Путин се развел од сопругата и дека треба да се ожени со Кабаева. Приказната беше демантирана од Кремљ и весникот беше затворен.

Љубовницата на Путин исчезна од очите на јавноста откако наводно му роди близнаци

Сепак, продолжија шпекулациите за односот на Путин со поранешната гимнастичарка, вклучително и бројни извештаи и наводи дека заедно имаат неколку деца. Изворите тврдат дека можеби дури и приватно се венчале.

Владимир Путин, Алина Кабаева, Фото: Profimedia

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Кабаева стана про-Кремљ пратеник во парламентот осум години, а во 2014 година беше назначена од Кремљ да раководи со државната Национална медиумска групација, со пријавена плата од 10 милиони долари годишно. И покрај јавната улога, таа ретко е забележана во јавноста во последните неколку години.

Москвам Русија 2013, Алина на состанок, Фото: Profimedia

Кабаева негираше дека има деца во јули 2013 година, поради извештаите дека родила ќерка во елитната болница Сент Ен во Тичино, Швајцарија. Информациите дека таа наводно родила синови близнаци во породилната клиника Кулаков во Москва во 2019 година, дополнително придонесуваат на збунетоста.

„Пандорините документи“: Наводната љубовница на Путин има имот од 100 милиони долари 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Универзална сала ќе има и скопјани ќе се гордеат со неа, но пред се мора да знаеме дека објектот е безбеден за сите нас

Следно

Граѓани на Кочани: Не е виновен „Пејпер мил“ туку тие што му дозволуваат да не труе!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian