„Слободен печат“: Украина да ѝ ги отвори очите и вратите на ЕУ!

3 mins read

Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:

Хроника

– Проширувањето на Унијата како одговор на руската агресија – Украина да ѝ ги отвори очите и вратите на ЕУ!

– Доколку има итно проширување поради војната, Македонија треба да биде прва на списокот земји што треба да станат членки на ЕУ, порача вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Свет

– Предупредување од Стејт департментот – Американците веднаш да ја напуштат Русија

– САД стравуваат дека нејзините граѓани можат да бидат изложени на ризик од слободно толкување на новиот руски закон со кој се криминализира ширењето лажни информации за војната во Украина.

– Руска инвазија врз Украина – Градовите опколени, за очајните цивили отворени коридори што не водат никаде!

– Русија објави дека ќе ги запре воените активности за да овозможи безбедно извлекување на жителите од четири украински градови преку шест коридори, од кои само два водат кон градови под контрола на украинските сили

Економија

Пензионерите со ниски примања реагираат зошто нема скалесто покачување – Најниските пензии и натаму останаа неприфатливо ниски!

– Од Партијата на пензионери велат дека и нивните залагања биле да има поголемо покачување на минималните пензии, но дека правните експерти им укажале дека такво законско решение може да падне на Уставен суд.

Скопје

– Соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба – Возењето по дупки ќе стане минато, ќе се обновува Перо Наков

– Улицата ќе се реконструира во должина од 2.000 метри каде целосно ќе се заменат оштетените и ќе се изградат нови тротоари и ќе се постават нови автобуски стојалишта долж улицата.

– Многу најави за подобар јавен превоз, но конкретна реализација нема – Мицкоски ќе набавувал еколошки автобуси, СДСМ прашува во кое својство

– Од Град Скопје нема објаснување за најавата на Мицкоски дека се преговарало со неколку светски компании за набавка на електрични автобуси, кои беа дел од предизборната кампања на сегашната градоначалничка.

Спорт

Фудбал – Лига на шампионите – Ливерпул и Баерн силни фаворити за четвртфиналето

– „Црвените“ во осминафиналниот реванш – меч на свој терен вечерва го пречекуваат Интер со предност од два гола од првата средба. Барен Минхен на Алијанц арената е домаќин на Салцбург со кој во првиот меч изигра реми на гости 1-1.

Ракомет – Лига на шампионите – Дејвис: Мечот со Елверум ни е важен во секој случај

– Вардар веќе е пласиран во осминафиналето на ЛШ, иако има уште еден меч од групната фаза, оној против Елверум во Скопје в среда. Вардарци можеби немаат резултатски императив во дуелот со Норвежаните, но сепак најавуваат максимално ангажирана игра.

Мозаик

– Воздржување од лоши дела и зборови – Почна големиот велигденски пост

Интервју

Савка Тодоровска, борец за женски права – Еднаквоста не е само женско прашање

Здравје

Тања Турунџиева, нутриционистка – При мигрена заборавете на зелениот чај, пијте чај од камилица

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Георгиевски со сребро и од Софија, нови бодови за Игрите во Париз 2024

Следно

Обвинителството започна истрага: Сторители претепале и оставиле во напуштен објект

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian