Шон Пен: Ако не попушти, Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво

2 mins read

Актерот и режисер Шон Пен, кој до неодамна беше во Украина каде што снимаше документарец, го даде своето прво интервју откако ја напушти земјата.

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

Пен го даде своето прво интервју по заминувањето од Украина за „Си-Ен-Ен“, а во интервјуто го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата храброст и достоинство, со кого се сретнал еден ден пред инвазијата и на денот на инвазијата.

„Беше јасно дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за модерниот свет во смисла на храброста, достоинството и љубовта. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа, но и преплашен за него и за Украина“, рече актерот и ги повика сите да ѝ помогнат на Украина.

Шон додаде дека неговата непрофитна група, „Community Organized Relief Effort“ (CORE), прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, со дестрибуција на средства за хигиена, финансиска помош и вода. Тој, исто така, рече дека животите на Украинците се фундаментално променети и дека тие сега живеат во мрачна „нова реалност“.

„Многу луѓе, многу од нив богати, ги оставија своите работни места и банкарски сметки, тоа е нивната нова реалност сега“, рече Пен, кој беше пофален од канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски што дојде во Украина за да му ја каже вистината на светот.

ФОТО | Шон Пен морал да ја напушти Украина: Пешачевме со километри до полската граница

Да потсетиме, Шон Пен со месеци работеше на документарен филм за тензиите меѓу Русија и Украина, и лично допатува во Украина пред руската инвазија.

„Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, изјави Пен кој беше сведок на

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Министер во кафеана си ја заборавил чантата, а внатре имал 20.000 евра

Следно

Дејвис: На Елверум му се потребни бодови, но и за нас е важно да напредуваме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian