Салата распродадена, Битола спремна за спектаклот Е. Пелистер – АЕК

1 min read

Денеска ракометниот клуб Е. Пелистер информираше дека салата „Боро Чурлевски“ е целосно распродадена за натпреварот против АЕК од Грција во рамките на ЕХФ Лига Европа.

Овој дуел (8 март, 18.45 часот) за битолчани е последен во групата „Д“, најважен за пласман во плеј-оф фазата.

Моментно на табелата после девет кола води Ним со 12 бодови, пред Е. Пелистер со 10, по девет имаат Спортинг и Кадетен, осум АЕК и последнопласирана Татабања.

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ не смеат да си дозволат пораз во претстојниот спектакл, бидејќи во таков случај доколку Спортинг го совлада Ним и Кадетен слави против Татабања, во тој случај македонскиот вицешампион ќе се најде на петтата позиција и ќе биде елиминиран од натпреварувањето.

Е. Пелистер ја најави и Фан-зоната спонзорирана од „Златен даб“ –

ЕХФ Лига Европа – група Д (десетто коло)
Е. Пелистер – АЕК Атина
Вторник: 8 март 18:45 часот
ФАН-ЗОНА
Вторник: 8 март 2022 година (17:00 – 18:45 часот)
во подтрибинскиот простор на спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола.
* забавен и навивачки дел
* подгревање на атмосферата со Златен даб
* продажба на дресови на РК Е. Пелистер по рекламни цени

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

Следно

Ограбена обложувалница, крадците го нападнале вработениот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian