Пронајдени и приведени две лица за издржување затворски казни

1 min read

На 07.03.2022 во 12.30 часот на бул. Киро Глигоров во Скопје од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба е лишен од слобода Т.К.(21) од Куманово по претходно издадена судска наредба од Основен суд Куманово, а бил баран за издржување казна затвор во затвор Куманово. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, известува МВР.

На 07.03.2022 во 14.00 часот на бул. Србија во Скопје од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје е лишен од слобода М.М.(24) од Скопје, кој бил баран по централна потерница издадена од Основен суд Скопје за издржување на затворска казна. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, се вели во соопштението на МВР.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски – Гир: Северна Македонија е на линија на Европската Унија за Украина

Следно

Џонсон: Велика Британија е великодушна кон бегалците, но потребна ни е контрола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian