Пресврт: ФИФА ќе ја врати Русија во мундијалскиот бараж?!

2 mins read

Руските медиуми информираат дека светската фудбалска куќа (ФИФА) сепак би можела да ја врати руската репрезентацијата во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Според информациите, планот е да се одложи плеј-оф мечот помеѓу Русија и Полска за јуни, претпостајќувајќи дека руската воена агресија врз Украина ќе заврши до тогаш.

ФИФА се обидува да најде решение за да може Русија да биде дел од баражот, пред да донесе официјална одлука.

Дека веста не е еднострана говори и тоа што е објавена и во Полска, а се однесува на тоа дека натпреварот меѓу двете селекции е одложен, како што пишува на веб-страницата на ФИФА, не е откажан, и дека се чека јуни и крајот на воениот конфликт.

ФИФА и УЕФА на 28 февруари ги суспендираа сите руски клубови и репрезентации да учествуваат во меѓународните натпреварувања.

Доколку Русите добијат место во баражот, останува да се види каква ќе биде реакцијата од Полска, Шведска и Чешка кои претходно во заедничко соопштение порачаа дека немаат намера да играат против руската селекција. Исто како и Албанија, Швајцарија, Ирска и Англија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

Следно

Ковачевски – Гир: Северна Македонија е на линија на Европската Унија за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian