Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ даде изјава по седницата на Претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.
Тој се осврна на фактот дека Хрватска заедно со другите земји кои воведоа санкции кон Русија се на списокот на Путин.
„Ако сте на таа листа, тоа значи дека сте воделе добра политика. Можеме да се гордееме со тоа“, рече Пленковиќ.
Тој рече дека Хрватска ќе ја поддржи Украина на нејзиниот европски пат, но дека е скептичен за експресниот влез на Украина во ЕУ, бидејќи основачкиот договор на ЕУ подразбира одредена процедура.
„Низ тоа поминавме и ние“, рече Пленковиќ.