Ова се најтешките денови по Втората светска војна, вели Љупчо Николовски

1 min read

По Втората светска војна, ова е најнеизвесниот период и нема простор за комоција и комфор, рече министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски во вечерашната емисија „24 анализа“, говорејќи за економската ситуација во земјата и поскапувањето на горивата.

Според него, потребен е простор за размислување како да опстанеме и како да опстоиме со ресурсите со кои располагаме.

-Оваа е најнеизвесната економска година како резултат на сите светски текови, како да егзистира економијата и да помогнеме како влада. Ова се најтешки денови по Втората светска војна. Граѓаните треба да знаат колку е тешко и што се случува. Владата се обидува со сите напори, додаде Николовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дуплантис оствари светски рекорд на атлетскиот митинг во Белград

Следно

Слуцки најави дека набрзо ќе продолжат преговорите меѓу Русија и Украина: Да немаме илузии дека следниот пат ќе имаме конечен резулатат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian