Османи: НАТО во моментов нема информации за можен воен конфликт на Балканот

2 mins read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во моментов не постојат информации за воен конфликт на Балканот.

„Како членка на НАТО сега имаме разузнавачки, кредибилни информации и врз основа на нив, моментално не треба да бидеме загрижени за воен конфликт на Балканот. Како пример за тие информации како членка на НАТО ќе посочам дека знаевме точно кој ден и во кое време ќе започне руската инвазија на Украина. Сепак, во комуникација сме со сите наши партнери кога се работи за можна ескалација на кризата на други места, опфаќајќи го и Балканот како жариште“, истакна Османи.

Тој додава дека сите говореле за можни други жаришта како Молдавија, Грузија на пример, но секако дека треба да се биде внимателен.

„Повторно ќе речам дека според нашите информации моментално нема закани за Балканот“, посочи Османи.

Шефот на дипломатијата вели дека МНР иницирало итен состанок на министрите за надворешни работи на земјите од регионот, на кој досега потврдила дека ќе учествува само Црна Гора.

„Како резултат на случувањата од украинската криза, ние пративме покана до сите министерства за надворешни работи од регионот за итна средба, координативна средба, на која најмалку што можеме да направиме е да ги искажеме нашите официјални ставови, секој поединечно. Ние сме членка на НАТО, кандидат за членка на ЕУ веќе долго време, ќе бидеме претседавачи со ОБСЕ, мислиме дека имаме капацитет, искуство и знаење да помогнеме на регионот“, вели Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Мбапе се повреди на два дена пред реваншот со Реал

Следно

Зеленски утре ќе им се обрати на британските пратеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian