Не сме против урбанизација, но мора да се спроведе на хуман начин, смета Муцунски

1 min read

Аеродром е една од општините во Скопје каде се одвива толку засилена урбанизација, што е на граница на интензивна бетонизација. 

Токму поради тоа, новата локална власт од ДУП на Аеродром избриша дури седум маркици, каде биле планирани згради и ги пренамени во места за паркови. Тоа се случи на иницијатива на градоначалникот Муцунски, кој во интервјуто за Скопје Инфо изјави дека во сите овие паркови се предвидени разни содржини за сите категории граѓани.

„Секако, важно е да се напомене дека не сме целосно против процесот на урбанизација, но дека истата треба да се практикува во досега запоставените делови и да се спроведе на крајно хуман начин, со обезбедување на услови за живот соодветни за 21 век и со силен акцент на зачувување на зеленилото и животната средина. Во предизборната програма предвидовме нови 100.000м2 зелени површини, кои ќе ги опфатат не само местата кои беа предвидени за згради, туку и низ целата општина. Во првите 100 дена беа спроведени акции за расчистување на депониите на чии места ќе има зеленило и паркови, а истовремено во веќе постојните паркови беа засадени над 500 нови садници. Она што граѓаните треба да го очекуваат до крајот на мандатот е и новиот мегапарк во соработка со Град Скопје кој ќе опфати површина од десетици илјади квадратни метри. Иако и во моментот Аеродром важи за една од најзелените општини, настојуваме да го задржиме тој епитет“, вели тој во интервјуто.

skopjeinfo.mk

Претходно

Граѓани на Кочани: Не е виновен „Пејпер мил“ туку тие што му дозволуваат да не труе!

Следно

ФОТО | Среде војна, љубов: Војници се венчаа на бојно поле во Украина, прв им честиташе Кличко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian