Мицевски го бојкотира Џафери, виси Комисијата за избори и именувања

2 mins read

Како што самиот најави, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска не се појави на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери за пратеничките групи да се договорат за доекипирање на Комисијата за избори и именувања откако членот од Беса, пратеникот Фадил Зендели беше разрешен од Собранието од тоа работно тело.

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели.

-Нема зошто да одам, кога тоа што се зборува на координација не се почитува – ни изјави Мицевски.

На координацијата било договорено Џафери да испрати писма до пратеничките групи, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ за да предложат членови и заменици членови за Комисијата за избори и именувања. Откако власта по разрешувањето на Зендели повторно си го врати мнозинството во тоа работно тело, сега Комисијата треба да се доекипира со двајца членови и еден заменик член. СДСМ треба да предложи претседател на Комисијата откако на локалните избори експретседателот Костадин Костадинов стана градоначалник и член на местото на рзарешениот Зендели. ВМРО-ДПМНЕ, пак, треба да предложи заменик член на местото на Кирил Пецаков кој стана градоначалник на Охрид. Мицевски не одговори дали откако ќе го добие писмото од Џафери пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи заменик член во Комисијата. Претходно и Мицевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека нема да ја опструираат работата на собраниските комисии, како и нивното доекипирање.

Доекипирањето на Комисијата за избори и именувања е битна поради изборот на четири нови уставни судии, како и на членови на други институции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јокиќ со историски „трипл-дабл“ против Њу Орлеанс

Следно

Жена и малолетничка каснати од куче во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian