Ковид-правила за влез во Грција

3 mins read

Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Пополнувањето на PLF (Passenger Locator Form) формуларот е задолжително заклучно со 14 март, со оглед на тоа дека од 15 март се укинува, нешто што е потенцирано и во новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19″, што веќе е објавена во Службен весник, а стапува во сила утре наутро.

Во однос на документот поврзан со ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување кај јужниот сосед.

Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Северна Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест.

За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.

Втората опција е со потврда за прележан ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот.

Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Во однос на електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), до 14 март се смета за неопходен документ за патување во Грција и треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА | Во Струмица се одржа тримерскиот карневал по светски терк

Следно

Дневен хороскоп за 7 март: Немојте да сте строги со себеси, дајте си време и љубов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian