Нов голем успех за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски во обидот што поскоро добие норма за учество на следните Летни олимписки игри во Париз во 2024 година.
После сребрениот медал на Г2 Президент Светскиот куп во Драч (Албанија), нашиот натпреварувач освои уште едно сребро овојпат на деветтиот турнир „Рамус Софија Опен“, Светски турнир од серијата „Г2“ во Софија, Бугарија.
Во категоријата +87 кг. во четвртфиналето Георгиевски го совлада Србинот Михајло Радаковиќ 19:5.
Потоа, во полуфиналето исто така беше убедлив со 14:4 елиминирајќи го Касадо, а во финалната битка за противник имаше уште еден Шпанец.
Во битката златото нашиот таеквондист загуби со 12:7 од Гарсија Мартинез. И покрај поразот Георгиевски освојува нови значајни бодови во трката за Париз 2024.