ФОТО | Среде војна, љубов: Војници се венчаа на бојно поле во Украина, прв им честиташе Кличко

1 min read

Дека љубовта е најсилното чувство кое нѐ води, зборува и одлуката на овој војнички пар од Украина кои решиле да се венчаат на бојното поле.

украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Лесија Ивашченко и Валери Филимонов се венчале во воени униформи со кои ја бранат својата татковина од руската инвазија. Двајцата се членови на 112-та бригада за територијална одбрана. На нивната венчавка гости биле нивните колеги, а ги венчал воен капетан.

украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Невестата до „олтарот“ била спроведена од нејзиниот командант, јавуваат украинските медиуми.

Сведоци им биле колегите од бригадата кои носеле бели рози во рацете за време на церемонијата благодарение на која барем за момент заборавиле на ужасите кои ги живеат изминатиов период.

украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

На парот им честиташе и градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кој иако немаше многу време за славење, тие сепак наздравија со шампањ.

украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
украина
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не сме против урбанизација, но мора да се спроведе на хуман начин, смета Муцунски

Следно

ВИДЕО: Јокиќ со историски „трипл-дабл“ против Њу Орлеанс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian