ВИДЕО: Јувентус победува и кога игра слабо, против Специја ќе се памети само голот на Мората

1 min read

Фудбалерите на Јувентус на „Алијанц“ Ареата ја совладаа Специја во натпревар кој ќе сакаат што побрзо да го заборават, посебно играта во второто полувреме. „Старата дама“ во 28 коло од Серија А со 1:0 ја совладаа Специја и останаа на четвртото место на табелата со 53 бода.

Единствениот гол беше дело на Алваро Мората во 21 минута. Акцијата започна со лошото исфрлање на топката на голманот на Специја. Топката дојде до Локатели кој додаде до Влаховиќ, кој пак му асистираше на Мората на кого не му беше тешко да го совлада голманот Проведел.

Во второто полувреме Специја беше подобар тим, имаше повеќе шанси, посебно тие на Агудело и на Џаси, но мрежата на Јувентус остана мирна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали сте слушнале за оваа жена: Прва програмерка во историјата и ќерка на поетот Бајрон

Следно

Петков: Побарав од руската амбасадорка сите оние кои не се вистински дипломати да ја напуштат Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian