Укината забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, воведена на патниот правец крак Маврово-Дебар

1 min read

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар. Од 14:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, како и задолжителната употреба на зимска опрема за останатите видови на возила, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата, како што посочуваат од АМСМ, се одвива во зимски услови по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пресврт на Барселона за искачување на третото место во Ла Лига

Следно

Дали сте слушнале за оваа жена: Прва програмерка во историјата и ќерка на поетот Бајрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian