Снегот го одложи колото во Првата фудбалска лига

1 min read

Фудбалската федерација на Македонија поради снежните врнежи кои ја зафатија Македонија, одлучи да ги одложи натпреварите од 22 коло во Првата фудбалска лига што требаше да се играат денеска.

Новиот термин на одигрување на натпреварите е среда.

– Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот – објави ФФМ.

Денеска требаше да се одиграат пет натревари:
Струга Т – Македонија ЃП
Ренова – Шкупи
Работнички – Шкендија
Брегалница – Пелистер
А. Пандев – Борец

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пет предупредувачки знаци дека ќе ви пукне слепото црево

Следно

Приведен разбојник во Чаир, пронајдени пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian