„Слободен печат“: Украина – Бомбите го диктираат егзодусот на стотици илјади жени и деца

2 mins read

Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте:

Хроника

Украинците очајнички апелирааат до совеста на човештвото, па и на Македонците – Запрете ја руската агресија, ние гинеме за светската слобода!

– Украинските деца и жени ги спасуваат вашите деца и жени по цена на нивните животи, додека вие се двоумите да го затворите небото! Нашите мажи ги спасуваат вашите по цена на нивниот живот. Додека вие се плашите да го затворите небото – се вели во писмото од украинската амбасата.

Свет

Инвазија врз Украина – Обид за отворање хуманитарен коридор од Мариупол  – Бомбите го диктираат егзодусот на стотици илјади жени и деца

– Евакуацијата на околу 200.000 луѓе од опколениот украински град Мариупол почна вчера во 11 часот, а оружјето требаше да мирува до 21 часот. Хуманитарен коридор беше отворен и во саботата, но беше затворен по само половина час, поради нов бран руски гранатирања

Економија

– Договорена нова методологија за усогласување на пензиите и директна помош за пензионерите

– Оваа година, во просек, пензионерите ќе земат 200 евра повеќе од лани

Финансиска помош од по 1.000 денари ќе добиват 3 месеци сите пензионери, а според новата методологија, пензиите ќе се усогласуваат и со инфлацијата и со растот на просечната или минималната плата.

– Проценка на Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на НБМ – Војната во Украина носи ризици и за македонската економија по три основи

–  Фактори Ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и времетраењето на кризата. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина – рече гувернерката Ангеловска-Бежовска.

Екологија

Граѓаните на Кочани решени со протести да му стават крај на за згадувањето – Не е виновен „Пејпер мил“ туку тие што му дозволуваат да не труе!

– Да се ревидира А-еколошката дозвола издадена на фабриката, како гориво таа да користи исклучиво метан, а не пелети од сончогледова биомаса, аерозагадувањето да се мери исправно, а не во договорени термини, и да почне мерење на загаденоста на отпадните води.

 

Во овој број и редовниот прилог Енигмо на осум страници, со крстозбори, анаграми, судоку, хумор, афоризми …

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американска кошаркарка уапсена во Русија, и се заканува затворска казна до 10 години

Следно

Лепче со кашкавал и компир: Ќе сакате постојано да го правите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian