Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва (18.30 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува селекцијата на Словенија во рамки на ЕХФ Евро купот.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе имаат шанса да се реваншираат за несреќниот пораз од 29:28 од четвртокот, откако во последните секунди од наптреварот Гичевска не го реализираше пеналот.
Селекторот Савевски за вечерашниот натпревар се одлучи да направи две измени и на местото на Емилиjaна Ризоска и Александра Коловски, вечерва во репрезентацијата ќе бидат Сара Миновска и Теодора Дукоска.
– Пресреќен сум кога гледам дека девојките почнаа да веруваат во себе и дека можат со секого да се надигруваат. Веќе не излегуваме на терен само за да загубиме и тоа е многу важно за нивната самодоверба – вели Савевски.
Претходно, ракометарите загубија на двата натпревари против Црна Гора. На натпреварот во Скопје беше 29:21, а во Подгорица 31:30 за црногорките.