Кристоф Галтие е доктор за ПСЖ: Лани им ја зеде титулата, а сезонава со Ница не прими гол на три натпревари

1 min read

Фудбалерите на ПСЖ доминираат во фанцуската Лига 1, но имаат проблем кога треба да играат против екипите кои ги предводи Кристоф Галтие.

Француските медиуми сметаат дека Галтие е „криптонит“ за ПСЖ и го сметаат за најдобар тренер кој работи во Лига 1, подобар дури и од Маурисио Покетино кој седи на клупата на „светците“.

Минатата година, Галтие од просечниот тим на Лил направи шампион на Франција, а кога управата не му вети дека проектот ќе продолжи и нема да ги продава најдобрите играчи, тој си замина.

Галтие ја избра Ница и повторно прави чуда. Иако титулата е резервирана на ПСЖ, „светците“ имаат кошмари кога треба да играат против екипата предводена од Галтие.

Сезонава, ПСЖ не успеа да победи ниту ниту еден од трите натпревари против Ница. Во првиот дел од сезоната во Лига 1, натпреварот заврши без голови, потоа Ница успеа да го исфрли ПСЖ од Купот по подобро изведување на пенали.

Вчерашниот натпревар заврши со минимален триумф на Ница која се искачи на второто место на табелата со 49 бода, дури 13 помалку од лидерот ПСЖ, но два повеќе од Олимпик Марсеј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Атлетико ги казни промашувањата на Бетис и најави луда трка за пласман во ЛШ

Следно

Четвртиот ковид бран се смирува, активни 2.871 случај во државава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian