Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска во Скопје организираше протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач, истакна претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија, Александар Урбанович.
Тој нагласи дека на протестот е дојден за поддршка на Украина. Сакам, како што рече, земјата да се ослободи и да има мир.

Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија вели дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.
– Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава, изјави Велковска, додавајќи дека им е потребна помош.

Македонци кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат секаде па и во земјава.

На плоштадот во Скопје, беа прикажани фотографии од состојбата во Украина, на кои се гледаат загинати лица, срушени згради, катастрофална состојба.

Ова е втор марш во Скопје против руската инвазија врз Украина. Како што соопшти „Лесја Украинка“, на Плоштадот секој ден ќе се собира хуманитарната помош за Украина.
ВО ЖИВО | Украина, од минута во минута: Русија се обидува да ја бомбардира Одеса