ФОТО | За првпат во историјата, три жени ќе го водат доделувањето на „Оскарите“

1 min read

Една од најеминентните и познати светски филмски манифестации, „Оскар“, ќе добие нов сјај по скоро четири децении, со тоа што улогата на водители ќе ја преземат истакнати актерки и комичарки.

Филмските награди, поточно доделувањето на Оскарите ќе се одржат на 28 март, во 2 часот по полноќ.

Она што е интересно за овој настан е тоа што најчесто не се менува концептот, кога е во прашање организацијата, бидејќи е еден од најочекуваните настани, па со самото тоа не бара многу иновации, но оваа година, организаторите одлучија да направат промени.

Оскари/Принтскрин/Јутуб

Како што се наведува, поминаа повеќе од 35 години откако на сцената во улога на водители не биле три личности, што ќе се случи оваа година, а сите три ќе бидат жени.

„Hollywood Reporter“ на почетокот на февруари објави дека доделувањето на Оскарите ќе го водат три личности, но долго се шпекулираше кои познати ѕвезди ќе бидат. Многумина претпоставуваа дека овој настан кој ќе го продуцира Вил Пекер, а ќе го режира Глен Вајс ќе го водат три актери или угледни водители, но тие прогнози не се остварија.

На сцената ќе бидат Ванда Скајс, Ејми Шумер и Реџина Хол, а улогата на презентери на наградите ќе ја преземат звучни имиња од Холивуд.

Оскарите се враќаат во полн сјај: По три години повторно ќе имаат водител

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Падна дрво во Капиштец, има оштетени автомобили

Следно

ФОТО | Карлеуша ја „изгоре“ сцената: Полугола ги збесна фановите во Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian